Најголемата македонска винарница Тиквеш во првите девет месеци годинава ги зголемила продажбите на домашниот пазар, но уште повеќе на странските пазари, при што успеала и да ја зголеми прифтабилноста.

Податоците од објaвениот консолидиран финансиски извештај за работењето покажуваат дека Тиквеш во периодот од јануари до септември 2024 година остварил приходи од продажба од 40,5 милиони евра, што е зголемување за 17% во однос на приходите од продажба остварени во истиот период минатата 2023 година.

Близу 56% од вкупните приходи од продажба во првиот квартал винарницата Тиквеш ги остварила од извоз, односно продажба на странски пазари, додека останатите 44% се приходи од продажби остварени на домашниот пазар.

Тиквеш, кој е најголем извозник на вино од Македонија, во првите девет месеци годинава има раст на извозот од 19%, остварувајќи близу 23 милиони евра. 
Продажбите на вино, пак, на домашниот пазар во истиот период изнесувале 17,6 милиони евра и се поголеми за 14% во споредба со истиот период лани.

И покрај растот на трошоците во работењето, Тиквеш во првите девет месеци работел со поголема профитабилност остварувајќи нето добивка од 3,4 милиони евра, која е за 13% поголема во споредба со лани.