Најголемата македонска винарница Тиквеш објави дека во првите три месеци годинава ги зголемила продажбите на домашниот пазар, но уште повеќе на странските пазари, при што успеала да оствари и големо зголемување на прифтабилнноста.
Податоците од објaвениот консолидиран финансиски извештај за работењето покажуваат дека Тиквеш во периодот од јануари до март 2024 година остварил приходи од продажба од 12,5 милиони евра, што е зголемување за 19% во однос на приходите од продажба остварени во првиот квартал од 2023 година.
Близу 58% од вкупните приходи од продажба во првиот квартал винарницата Тиквеш ги остварила од извоз, односно продажба на странски пазари, додека останатите 42% се приходи од продажби остварени на домашниот пазар.
Тиквеш, кој е најголем извозник на вино од Македонија, во првите три месеци годинава има раст на извозот од 25%, остварувајќи 7,2 милиони евра.
Продажбите на вино, пак, на домашниот пазар во истиот период изнесувале 5,3 милиони евра и се поголеми за 11% во споредба со истиот период лани.
И покрај растот на трошоците во работењето, Тиквеш во првите три месеци работел со поголема профитабилност остварувајќи нето добивка од 553 илјади евра, која е за 89% поголема во споредба со лани.