Наскоро: Специјална едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2022

Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) во сопственост на аналитичката копанија Бизнис Аналитика ја најавуваат третата по ред годишна специјална публикација ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2022.

Најдоброто од македонската економија

Специјалната едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2022 има за цел да ги идентификува најдобрите извозни компании, да ги промовира нивните извозни успеси и добри практики кои придонесуваат за повисока додадена вредност во македонската економија, но и да помогне во дефинирање на нови антикризни мерки и стратегија со која полесно како држава ќе се справиме со мултикризата, односно со енергетската криза, можната финансиска криза и предизвиците кои ги носи новата геополитичка реалност.

Во едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде објавено рангирање на 100-те најголеми извозни компании според вредноста на извозот, односно приходите од продажба на производи на странски пазари реализирани во 2021 година.

Во новата едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе ги промовираме и обединиме на едно место предлозите и идеите на најголемите и најуспешните извозни компании, на државните институции, економските експерти и финансискиот сектор за тоа:

  • Kако да се поддржи извозот во период на мулти криза, на скапи енергенси и суровини?
  • Геополитичките конфликти носат нова реалност  – како македонските извознници да ги искористат променетите текови на трговија и рекомпонирањето на синџирите на снабдување?
  • Како да се зголеми производството и извозот на прехранбени производи во време на кога цените на храната рушат рекорди?
  • Како банките и осигурителните компании можат да го олеснат тргувањето во време на неизвесност?
  • Како да се управуваа со логистиката и синџирите на снабдување во време на неизвесност?
  • Како подобро да се искористат потенцијалите на Отворен Балкан и да се олесни трговијата со земјите од Западен Балкан?

Во едицијата ќе бидат вклучени и повеќе интервјуа со лидерите на најголемите извозни компании, финансиски институции и државни институции од земјава, колумни, како и детални секторски анализи на најголемите извозни индустрии.

Бидете во друштво со најдобрите

Специјалната годишна едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2022 ќе биде објавена во октомври 2022 година во ексклузивно печатено издание во високо квалитетен печат и продукција.

Ова е трето по ред издание на специјалната едиција Топ 100 Извозници од страна на порталот www.izvoz.mk и Бизнис Аналитика.

Сите заинтересирани компании и субјекти имаат можност да ги промовираат и претстават подетално своите производи, услуги и вредности преку профил на компанијата, ПР објави или интервју во изданието, како и на платформата www.izvoz.mk.

Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување пред внимателно таргетираната читателска публика можете да добиете на e-mail:

marketing@izvoz.mk и contact@izvoz.mk

или на телефонскиот број:
070 401 162.

error: Content is protected !!