Претседателот Доналд Трамп минатата недела потпиша извршна наредба во која ги упатува федералните државни агенции при набавката на одредени лекови и медицински материјали да им дадат приоритет на оние кои се произведени во САД, објави CNN.
Со наредбата исто така и се налоѓува на FDA (Food and drug Administration) да изготви список на „основни лекови, медицински материјали и критични суровини што ќе бидат опфатени со новите барања.
Оваа одлука на Трамп следува откако САД се соочија со фактот дека за многу медицински материјали и опрема потребни за борба против земјата е зависна од увоз.
По почеткот на пандемијата, Трамп го активираше Defense Production Act (Актот за производство за одбрана) за да ги принуди американските компании да произведуваат медицински материјали и опрема.
Наредбата од минатата недела го означува она што администрацијата го гледа како решение на проблемот, во случај да има уште повтотно зголемена побарувачка за медицински материјали.
Овој потег несомнено ќе означи промена во начинот на кој САД ги обезбедува своите лекови и медицински материјали.
„Извршната наредба ќе бара американските владини агенции да ги купуваат сите основни лекови што ни се потребни од американски извори“, рече Трамп.
„Извршната наредба исто така ќе ги отстрани непотребните регулаторни бариери за домашното фармацевтско производство и ќе ги поддржи напредните процеси на производство што ќе ги одржат ниските цени на лековите и ќе им овозможи на американските компании да се натпреваруваат на светската сцена“.
Советникот за трговија во Белата куќа, Питер Наваро, ја одобрува акцијата почната од американската администрација, велејќи дека САД се „опасно зависни од странските држави за основните лекови, за медицински материјали … и медицинска опрема како вентилатори“.
Наредбата „воспоставува основно ниво на побарувачка за да се привлечат ниво на инвестиции доволни за да ги обезбеди потребите што ги имаме за овие работи што ни се потребни во услови на неволја“, додаде Наваро.