2021 година создаде многу предизвици за логистичкиот сектор и за производствените компании. Времето на испорака на многу производи се зголеми, заради недостигот на чипови автомобилите и електричните уреди не можеа да се произведуваат во вообичаениот обем. Пандемијата со Ковид 19 и нејзините последици, блокадата на Суецкиот канал и привремено затворените пристаништа во Кина имаа огромно влијание врз глобалните синџири на снабдување во текот на 2021 година.

Сите се надеваат дека ситуацијата ќе се олесни напролет, но сосема е извесно дека компаниите може да очекуваат дека 2022 година ќе има пречки.

Од тие причини, иновативните решенија стануваат уште попотребни за успешно справување со овие предизвици.

 Фокусот е ставен на одржливост, интелигентни транспортни концепти, силни партнерски мрежи, транспарентност и употреба на податоци и вештачка интелигенција.

Во продолжение се некои од најважните трендови во управувањето со синџирите на снабдување за 2022 година:

1. Одржливост

Со удел од повеќе од 25 % од глобалните емисии на јагледот диоксид CO2, управувањето со синџиритет на снабдување е клучен фактор во борбата против климатските промени. Во просек, емисиите на синџирот на снабдување се 5,5 пати повисоки од директните емисии на една компанија. Ова го прави уште поважно за компаниите да ги преиспитаат нивните синџири на снабдување и внимателно да ги разгледаат традиционалните партнери, методи и технологии за да го дадат својот придонес за позелена иднина. Ова вклучува оптимизирање на потрошувачката на јагледор диоксид и енергија во однос на транспортните процеси и складирањето и оптимизирање на планирањето на рутата и оптоварувањето за да се користат помалку пренатрупани правци и да се избегнат празни патувања.

На овој начин, компаниите не само што придонесуваат за заштита на климата, туку можат и да постигнат резултат во однос на продажбата и лојалноста на клиентите. На крајот на краиштата, повеќе од 60 % од клиентите се подготвени да платат дополнителен износ за одржливост, бидејќи подготвеноста за консумирање на поеколошки начин продолжува да расте.

2. Интелигентни транспортни концепти

Со фокус на одржливоста, стапуваат во игра интелигентни транспортни концепти како што е комбинираниот транспорт. Според консултантската фирма D-Fine, ова може да заштеди помеѓу 63% и 90% од емисиите на CO2 на патниот транспорт меѓу локациите со користење на Еуро 6.

Железницата се препорачува за долги прекугранични транспортни правци, додека последната милја ја поминува со камион. Ова бара ефикасни и стратешки лоцирани терминали за претовар каде што може повторно да се натоварат контејнери или цели приколки. Исто така, важно е да се поедностави прекуграничниот железнички товарен транспорт со цел да се префрлат повеќе товарни транспорти во железница.

И транспортот претрпува трансформација – декарбонизацијата игра сè поважна улога. 150 компании, вклучително и глобалните играчи како BP и Maersk, ги повикаа светските лидери тесно да соработуваат со индустријата за да се поттикне декарбонизацијата.

3. Силни партнерски мрежи

Синџирите на снабдување се сложени, глобални и интермодални – секоја од овие карактеристики може да доведе до сериозни закани. Секоја промена во модалитетот го зголемува ризикот од потенцијални нарушувања и одложувања кои не само што влијаат на самата компанија, туку и на сите делови од синџирот на снабдување. Затоа, компаниите треба да ја интензивираат соработката и да обезбедат дека сите оддели и партнери на компанијата ги разбираат слабите точки на синџирот на снабдување и да работат заедно за да се спротивстават на ова сценарио.

Пристапот за поврзување на сите страни во синџирот на снабдување е подеднакво клучен за испраќачот и примачот на стоката, како и за испраќачот и сите договорни превозници со цел да се обезбеди ефикасна размена на информации.

4. Транспарентноста обезбедува издржливост

Синџирот на снабдување ориентиран кон иднината делува како динамична јамка која постојано и повторно се прилагодува врз основа на генерираните податоци и на тој начин се фокусира на максимална транспарентност и размена на податоци. Ова обезбедува транспарентност за сите страни во синџирот на снабдување, како и за крајните клиенти. Затоа, компаниите мора да го сменат менталитет бидејќи колку повеќе се одвива комуникација и размена на податоци, толку подобри одлуки може да се донесат. Со што е можно повеќе информации во рана фаза, може подобро да се проценат последиците и да се подготват алтернативи. Ова е единствениот начин да се создаде поголема еластичност во сопствениот синџир на снабдување на долг рок.

5. Големи податоци и вештачка интелигенција

Со цел да се постигне поголема транспарентност, а со тоа и издржливост, употребата на вештачка интелигенција и машинско учење е од клучно значење. За сите нивоа на синџирите на снабдување, се генерира голема количина на структурирани и неструктурирани податоци, што оди многу подалеку од обемот на податоци на класичните ERP системи.
Алгоритмите за машинско учење се предодредени да ги обработуваат, анализираат и предвидуваат овие количини на податоци.

Извор:Тrans.info