Како тоа го прават другите?


 

Турската државна извозно кредитна банка Турк Ексимбанк има за цел да ја зголеми својата поддршка за извоз за 11% на годишно ниво, на над 50 милијарди долари во 2021 година, изјави турската министерка за трговија Руксар Пекчан.

Стапката на поддршка на извозот која се планира да ја обезбеди банката за извозниците ќе се зголеми за 27,7% оваа година.

Банката ја има деветтата по големина големина на активата во турскиот банкарски сектор, а истовремено е најголема осигурителна компанија во земјата.


Износот кој турската државна извозно кредитна банка годишно го исплаќа како финансиска поддршка на извозниците изнесува околу 30% од вкупниот годишен извоз на Турција.

Тоа сведено на македонски услови би значело преку Развојната банка или преку посебна извозно-кредитна банка државата да обезеди кредити во вредност од 2 милијарди евра за поволни кредити и извозно осигурување на извозниците.


Турската Ексимбанк обезбедила финансирање, заеми и извозно осигурување, во вредност од 45,6 милијарди долари во 2020 година, што е за 3,6% повеќе од претходната година, рече таа.

„За извозниците, Ексимбанк минатата година обезбеди 28,5 милијарди долари готовински заеми и 17,1 милијарди долари кредитно осигурување со пораст од 7% од 2019 година“, забележа Пекчан.

Бројот на извозници кои биле поддржани од банката исто така се искачи за 4% од претходната година, на 13.102 во 2020 година, од кои повеќето се мали и средни претпријатија .

Во моментов Ексимбанк има 20 експозитури и 11 канцеларии за врски, а годинава се планира да се отворат пет нови експозитури.
Ексимбанк игра клучна улога во трансформацијата на производствената моќ на земјата со огромен раст на извозот. Турција минатата година ја заврши со извоз од на близу 170 милијарди долари, со што е 30-ти најголем извозник во светот.

Извор: Anadolu Agency