Турската лира денеска падна за 15% на речиси историското најниско ниво, откакопретседателот Таип Ердоган викендов донесе неочекувана одлука за смена на гувернер на централната банка Наџи Агбал со критики за високите каматни стапки. Одлуката на Ердоган предизвика стравувања кај инвеститорите за можни нарушувања на финансиските пазари.

Турската валута се разменуваше на ниво од 8.0500 за долар, што е за 10% помалку од ивото при затворањето во петокот. Во еден момент лирата забележа пад од дури 14%, на ниво од 8.4850.

Аналитичарите коментираат дека на турските власти им остануваат два избори, да ги употребат каматните стапки за да ги стабилизираат пазарите или да наметнат контрола на капиталот.