Toyota Motor Manufacturing Turkey произведува 252.000 автомобили, а 227.000 од нов минатата година биле продадени на странските пазари.
Toyota Motor Manufacturing Turkey (TMMT) стана втор најголем извозник во Турција, но и во автомобилскиот сектор, со извоз од 4,4 милијарди долари во 2019 година, покажува истражувањето спроведено од Собранието на извозници на Турција.
Во соопштението на „Тојота“ се вели дека компанијата лани произвела 252.000 автомобили и извезла 227.000 од нив.
„Toyota Motor Manufacturing Turkey го извезува речиси 90% од производството во Турција во над 150 земји во светот“.
Фабриката на Toyota вработува 5.500 лица и досега има инвестирано вкупно 2,27 милијарди долари во Турција.
Минатата 2019 година автомобилите биле најизвезуван производ од Турција, со вредност на извозот од 12,4 милијарди долари. Најголем извозник од Турција минатата година бил Ford Otosan со извоз од 5,8 милијарди долари.
Извор: Anadolu Agency