Изминатата 2024 година била успешна година за македонските извозници на јаболка. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека лани на странските пазари биле продадени 87.733 тони во вредност  од близу 24 милиони евра. Количински извозот на јаболка лани бил поголем за една третина или за 34,5% во споредба со 2023 година. Вредноста на извозот на јаболка лани бил поголем за близу 70%.
 Македонските јаболка лани се продавале по повисока цена на странските пазари, односно по просечна цена од 0,27 центи за килограм, за разлика од 2023 година, кога цената била за 26% пониска.

.

.

Македонските јаболка лани се извезувале на 19 пазари, најголем дел во земјите од регионот. Само на шест пазари имало извоз поголем од 1 милион евра.

Најголем извозен пазар за македонските јаболка и лани била Бугарија, каде биле извезени близу 32 илјади тони и остварен извозен приход од 7 милиони евра.
Втор најголем извозен пазар е Србија со извезени близу 25 илјади тони и оствраен приход од 6,6 милиони евра. Следат Косово, Грција, Романија, БиХ, Црна Гора, Холандија и Хрватска и Чешка Република.

.

.

Најниска продажна цена за јаболката била остварена во Грција од просечни 0,20 центи за килограм, додека највисока во Холандија од 0,8 центи по килограм.
Лани не биле извезени воопшто јаболка на рускиот пазар, кој до пред војната во Украина и санкциите, беше најголем извозен пазар за македонските јаболка.

Минатата 2024 година беше предизвикувачка година за производителите на јаболка, но како последица на намаленото производство пораснаа продажните цени на јаболката.
 Македонските извозници го искористија овој тренд и успеаа да ги зголемат количините, но и цените по кои се извезувале јаболката на странските пазари.

.