Недостатокот на чипови на светскиот пазар го прекина производството во фабриката на автомобилскиот концерн „Стелантис“ во Виена.
Производството се прекинува од 18 октомври до крајот на годината, а работниците се пријавени на работа со скратено работно време.
„Повторно започнуваме со производство на 2 јануари. Се планира скратено работно време за вработените, со цел прекинот на производството да биде социјално поподнослив за нив “, се прецизира во соопштението на„ Stellantis “, концерн формиран со спојување на PSA (Peugeot, Citroen, Opel) и FCA (Фиат, Крајслер).
Во производствениот погон во Виена работат околу 460 луѓе.
Минатата недела и најголемиот европски производител на автомобили, германскиот Volkswagen објави дека е принуден да го прекине производството од 2 до 13 октомври во најголемата негова фабрика во Волсбург, Германија заради кризата со чипови.
Недостатокот на полупроводници, клучна компонента во електронските системи на автомобили, веќе ги натера другите компании да отпуштат персонал во неколку земји, вклучувајќи ја и Германија.
Автомобилската индустрија се натпреварува за овие витални чипови со производителите на компјутери и паметни телефони.
Германската автомобилска индустрија забележа лоши бројки во септември, со помалку од 200.000 продадени автомобили, најлоша бројка во последните 30 години.
Истиот месец, продажбата на автомобили во Обединетото Кралство продолжи со падот, што е за 34,4 проценти на најниско ниво од 1998 година.

Volkswagen не можел за произведе над 100 илјади возила годинава заради кризата со чипови