Домашната металопреработувачка компанија Факом во првата половина од 2021 година работела со вкупни приходи од продажба од околу 7,4 милиони евра, што е пад од 34% во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците од извештајот на компанијата објавен на Македонската берза.

Околу 68% од вкупните приходи од продажба Факом минатата година ги остварил од извоз на странските пазари, кои достигнаа 4,9 милиони евра. Извозот на Факом во првата половина годинава бележи пад од 33% во споредба со истиот период претходната година.

Продажбата на домашниот пазар во истиот период исто така бележи пад од
35%, од што компанијата заработила 2,3 милиони евра.

Факом е домашна компанија за производство на челични конструкции и опрема, која е една од најголемите 100 извозници во земјава.

И покрај тоа што оперативните расходи на компанијата во првите шест месеци годинава се намалени за 33%, главно поради намалените трошоци за суровини и материјали, транспортните трошоци, надворешните услуги од кооперантите, услугите за одржување и сл, Факом бележи намалување на профитабилноста во споредба со истиот период лани. Компанијата објави дека лани работела со оперативна добивка од околу 88 илјади евра, која е за 59% помала во споредба со првата половина од 2020 година.

Од Факом потенцираат дека основна определба на компанијата и понатаму ќе биде извозната орентација и очекувањата се за 2021 година 80% од производствените капацитети да бидат ангажирани за извоз.