Цената на природниот гас во Европа падна на најниско ниво од почетокот на руско-украинската војна, заради благите временски услови, високото ниво на залиги на гас низ Европа и зголемување на производството на зелена енергија.

Јануарската цена на договорот за гас на TTF, виртуелното место за тргување со природен гас со седиште во Холандија, беше отворена во средата, на 29 декември, по цена од 81 евра за мегават-час.

Падот на цената беше потпомогнат од намалувањето на потрошувачката на гас предизвикано од поблагите временски услови и зголемувањето на нивото на складирање гас во неколку европски земји.

Според Gas Infrastructure Europe, капацитетите за складиштата со гас низ ЕУ биле полни 83,2% заклучно со 28 декември.

Надолното движење на цените беше поттикнато и од зголемената употреба на ветерната енергија за производство на електрична енергија, заменувајќи го природниот гас.

На 26 август годинава, цената на фјучерс договорите за гас на ТТФ се искачи на 348,8 евра.