Светските цени на храната се зголемија шести месец по ред во ноември, достигнувајќи скоро шестгодишен максимум, а индексот го забележа најголемото месечно зголемување од јули 2012 година, соопшти денеска Агенцијата за храна при Обединетите нации.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), кој ги мери месечните промени за кошница со житни култури, маслодајни семе, млечни производи, месо и шеќер, во просек, минатиот месец изнесуваше 105,0 поени, наспроти 101,0 во октомври, а растот делумно се должи на неповолните временски услови

Цените на растителното масло бележатнајголем раст од 14,5% од месечно ниво, благодарение најмногу на зголемувањето на цените на палминото масло поврзано со наглиот пад на глобалните залихи.

Индексот на цените на житарките забележа поскромен раст од 2,5% во ноември во однос на претходниот месец, околу 19,9% над неговата вредност една година порано.

Просечните цени на шеќерот се зголемени за 3,3% од октомври, поради стравувањата од иден недостиг на глобалното производство, бидејќи лошото време ги погоди изгледите за земјоделски култури во Европската унија, Русија и Тајланд.

Индексот на млечни производи се искачи за 0,9% , достигнувајќи ја највисоката вредност во 18 месеци.

Индексот на месо исто така се зголеми за 0,9%, завршувајќи со девет последователни месечни падови, но е во пад од 13,7% на годишно ниво.