Сите вработени во „Џонсон Мети“ во Македонија отсега ќе добиваат приватно здравствено осигурување. Компанијата обезбеди здравствени придобивки од „Триглав осигурување“ за сите вработени, бидејќи нивното здравје е приоритет.

„Нашата посветеност за вработените ја покажуваме на дело со воведување нова придобивка – приватно здравствено осигурување. Во соработка со ‘Триглав осигурување’, вработените ги добиваат сите поволности од приватното здравствено осигурување. Една од фундаменталните вредности на ‘Џонсон Мети’ е ‘Заштита на луѓето и планетата’ и затоа сме среќни што ги имплементираме највисоките стандарди за здравје и заштита на вработените на работното место и надвор од него. Преку различни програми за добросостојба, обезбедуваме здрава и сигурна работна средина за нашите вработени“, вели Ана Апостолова, менаџер за човечки ресурси во „Џонсон Мети“.

Како дел од информативната кампања за вработените, заедно со „Триглав Осигурување“, „Џонсон Мети“ организира „Денови на здравјето“. Претставници на „Триглав Осигурување“ темелно ги информираа вработените што значи приватно здравствено осигурување.

„Свесни сме дека нашата добросостојба може да биде афектирана од различни фактори, како што се физичкото здравје, финансиската стабилност, менталната состојба и од квалитетот на нашите социјални интеракции. Сме компанија која се грижи за целокупната добросостојба на вработените и обезбедуваме различни видови тренинзи, онлајн платформи за учење и поддршка за вработените и нивните семејства. Многу сме горди што имаме вработени кои се грижат за нивната добросостојба и што им ја даваме оваа можност“, додава Апостолова.

Во „Триглав Осигурување“ сметаат дека вработените се вистинскиот капитал на секоја компанија и затоа е важно да се инвестира во нивната добросостојба. „Нашиот главен фокус се клиентите, а како компанија се залагаме за здрав начин на живот и заштита на средината во која што работиме и живееме. Тоа го имплементираме и во производите, кои што ги развиваме, особено во доменот на здравствената заштита. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита, бидејќи ништо не е поважно од нашето здравје. Ни причинува вистинско задоволство што во овој домен соработуваме со компанија како ‘Џонсон Мети’ и што компанијата ги препознаа предностите на приватното здравствено осигурување и го вклучија во пакетот бенефити за своите вработени“, изјавија од „Триглав Осигурување“.