Rivian, американскиот производител на електрични авантуристички возила (камиони и теренци), вчера официјално објави дека го отвора својот центар за истражување и развој во Белград со намера да ангажира локален технички персонал и инженери од автомобилската индустрија.

Плановите се во Центарот првично да се вработат околу 200 позиции во областа на напредните технологии поврзани со автомобилската индустрија, како што се мапирање, инфозабава, напредни системи за помош на возачот и ИТ услуги.

Според претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доаѓањето на Rivian е голем успех за земјата и потврда за добрата бизнис клима.

Бараа атрактивна земја за инвестирање, а ние имаме субвенции и паметни луѓе. Ние сме шампиони на Европа во однос на привлекување странски директни инвестиции. Во нашата земја привлековме дури 3,3 милијарди евра“, рече Вучиќ.

Компанијата во Србија ќе работи под името Rivian SE Europe doo Beograd.

Синди Никола, потпретседателка на одделот за вработување во Ривиан изјави дека нивната желба е да се создаде модерен технолошки центар кој ќе придонесе за носење водечки производи и услуги на светскиот пазар.