Марко Чадеж, претседател на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, најави дека заедничката регионална комора, која ги обединува сите шест национални комори и ги претставува интересите на околу 400.000 компании, ќе формира посебен деловен кој ќе го следи напредокот во отстранувањето на пречките за поуспешно водење бизнис во регионот. Бизнис советот за тоа редовно ќе ги информира владите, предлагајќи мерки што ќе им го олеснат водењето бизнис на стопанствениците и ќе им ги намалат трошоците.
Деловната заедница не е задоволна од брзината со која се одвиваат овие процеси и е подготвена активно да учествува во решавањето на проблемите. Според Чадеж, советот ќе биде составен од сопственици и менаџери на 12 најголеми компании од целиот регион, кои на оперативен план ќе ги следат постигнатите резултати во отстранување на бариерите и подобрување на економската соработка. Информациите од теренот редовно ќе се проследуваат до министерствата и владите од регионот и Секретаријатот на ЦЕФТА.
„Ние, во регионот, самите мора да преземеме одговорност, без да чекаме сигнали од Берлин и Вашингтон“, рече Чадез на панелот што се одржа во рамки на видео самитот на лидерите на Западен Балкан посветен на економската соработка, организиран од Атлантскиот совет на Вашингтон.
Зајакнувањето на економските врски и отстранувањето на бариерите за поуспешно меѓусебно работење и водење бизнис со светот е во интерес на деловната заедница, која ќе го мери напредокот на ова поле со успешното надминнување на пречките со кои сега се соочуваат, да речеме, скратување на времето што камионите го губат чекањето на границите, а со самото тоа и намалување на оперативните трошоци.
Чадеж исто така ја истакна важноста на политичката поддршка за посилни регионални интеграции.
„Регионалната соработка е меѓу приоритетите на агендите на лидерите во регионот. Тоа е добро за регионот, за економијата, но и за самите лидери, бидејќи постигнувајќи резултати на национално ниво, ако нивната економија се развива подобро и граѓаните живеат подобро, тие ќе бидат реизбрани”, рече Чадеж.
Учесниците на панелот за регионална економска интеграција во Западен Балкан во функција на економско закрепнување и напредок, ја истакнаа важноста за подобрување на деловната клима за компаниите од регионот и инвеститори од целиот свет, создавање предвидливо деловно опкружување, владеење на правото, подобрување на транспортот и енергетската инфраструктура, зајакнување на приватниот сектор, пред се на малите и средните претпријатија, како и поддршка на економиите дигитално да се трансформираат.