БРАКО ги претстави своите производни капацитети и можностите на фабриката на светски познатиот саем за индустрија Hannover Messe кој се одржа во Хановер во Германија од 17 до 21 април 2023 година.
Директорот на секторот за тешки метални конструкции во БРАКО, Перо Колев, ги запозна заинтересираните деловни субјекти присутни на саемот со можностите кои ги нуди БРАКО во делот на производството, современата технологија од последната технолошка генерација и високотехнолошките производи од портфолиото на БРАКО.
БРАКО има долгогодишно искуство и соработка со реномирани компании од Европа светот и извезува производи во околу 50 држави на сите континенти, а саемот беше одлична можност за воспоставување на нови соработки и освојување на нови пазари за компанијата.
На саемот учествуваа околу 4.200 компании од областа на машинското инженерство, електричната и дигиталната индустрија и енергетиката, а најбројни беа компаниите од Европска Унија и Централна и Југоисточна Азија.