Почнувајќи од јуни, Бугарија ќе добива течен природен гас од САД по цени пониски од оние на руската енергетска компанија “Гаспром”. Ова било договорено за време на неодамнешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на САД, објавува Investor.bg.

Петков разговарал со потпретседателката на САД, Камала Харис, а главните теми на разговор биле поврзани со војната во Украина и енергетската сигурност на Европа. 

Случувањата во Европа се јасен знак за неопходноста од брзи и реални мерки во енергетската сфера Партнерството со САД е важен дел од постигнувањето на гасовна независност Бугарија, изјавил бугарскиот премиер за време на разговорите во Вашингтон.

Кон крајот на април “Гаспром” ги сопре испораките на гас кон Бугарија заради несогласувањето гасот да се плаќа во рубљи.

Во межувреме, Украина денеска го сопре делумно транзитот на руски гас кон Европа преку нејзината територија.

Од операторот на нафтениот гасовод во Украина соопштија дека ќе го пренасочат гасот од источниот транзитен нафтовод.