Во текот на 2022 година глобално биле извезени производи во вредност од 24,5 трилиони долари, што е зголемување од 10,6% во споредба со вредноста на извозот остварен во 2021 година, покажуваат податоците од Worldtopexports.

Најголеми 10 извозни економии во 2022 година биле Кина, САД, Германија, , Холандија, Јапонија, Италија, Јужна Кореја, Белгија, Хонг Конг и Франција. Заедно, сите овие 10 извозно ориентирани економии создале повеќе од половина или 49,3% од вкупниот извоз на сите земји.

Најголеми извозни економии во регионот?

Ако се гледа во регионот, најголеми извозни економии во 2022 година биле Грција, Словенија, Бугарија, Србија, Хрватска, БиХ, Македонија и Албанија.

Грција во 2022 година ја надмина Словенија и стана најголем извозник во регионот со извоз вреден 57,6 милијарди долари, според што е 55-ти најголем извозник во светот. Извозот од Грција во 2022 година се зголемил за 21,9%.

Малата Словенија со околу 2 милиони жители лани имала извоз вреден 55,5 милијарди долари, според што била 56. најголем извозник во светот. Во 2022 година словенечкиот извоз се зголемил за 18,8%.

Трет најголем извозник во регионот е Бугарија, која во 2022 година имала извоз вреден 50,3 милијарди долари, со што земјата била 58 најголем извозник во светот. Бугарскиот извоз во 2021 година се зголемил за 21,5%.

Четврт најголем извозник од регионот е Србија, која со извоз вреден 28,6 милијарди долари била 70-ти најголем извозник во светот за 2022 година. Српскиот извоз во 2022 година се зголемил за 11,7%.

На 71 позиција се наоѓа Хрватска со извоз вреден 25,4 милијарди долари. Хрватскиот извоз во 2022 година бележи раст од 16,3.

БиХ лани ја надмина Македонија и со извоз вреден 9,7 милијарди долари стана шести најголем извозник во регионот, а 101 во светот. Извозот на БиХ во 2022 година се зголемил за 12,4%.

Македонија во 2022 година била седми извозник цо регионот со извоз од 8,7 милијарди долари, шест и пол пати помалку од Словенија со иста територија и ист број на жители. Според ланскиот извоз Македонија била 105 најголем извозник во светот, десет места подолу од 2021 година кога земјата била 95-ти најголем извозник. Македонскиот извоз во 2022 година се зголемил за 6,6%, што е најнизок раст на извозот од сите земји во регионот.

Лани најмалку извезувала Албанија 4,3 милијарди евра и е рангирана на 123 место. Извозот на Албанија лани е зголемен за 20,9% во споредба со извозот од 2021 година.