Светскиот извоз на автомобили од сите земји изнесуваше вкупно 776,5 милијарди долари во 2022 година. Toa e зголемување од 7,5% во споредба со извозот вреден 722,6 милијарди долари во 2021 година, покажуваат податоците од Worldtopexports.

Во 2022 година, автомобилите биле четврти најизвезуван производ во светот, мерено според продажбата во долари.

Автомобилите учествуваа со 3,2% од вкупната меѓународна продажба за сите извезени производи.

Најголемите светски извозници на автомобили

Петте водечки извозници на автомобили во текот на 2022 година биле Германија, Јапонија, САД , Јужна Кореја и Мексико.
Овие пет земји оствариле повеќе од половина (51,4%) од извозот на автомобили во 2022 година.

Европскиот континент е најголем изозник на автомобили во вкупна вредност од 406,7 милијарди долари или 52,2% од меѓународната продажба на автомобили. На второ место се добавувачите во Азија со 28,3% по што следат северноамериканските извозници на автомобили со 17,2%.

Најголем извозник на автомобили во осветот во 2022 година е Германија со извоз на автомобили вреден 155,1 милијарди долари (20% од вкупните извезени автомобили).
На второ место е Јапонија со извоз од 87,2 милијарди долари (11,2% од вкупниот извоз. )
Следат САД со извоз од 57,9 милијарди долари (7,5%), Јужна Кореја: 51,7 милијарди долари (6,7%),
Мексико: 46,9 милијарди долари (6%), Кина: 44,7 милијарди долари (5,8%), Белгија: 33,9 милијарди долари (4,4%), Шпанија: 32,9 милијарди долари (4,2%), Обединетото Кралство: 29,5 милијарди долари (3,8%), Канада: 29,5 милијарди долари (3,8%), Словачка: 26,3 милијарди долари (3,4%), Чешка: 25,4 милијарди долари (3,3%), Франција: 20,9 милијарди долари (2,7%), Италија: 16 милијарди долари (2,1%), Унгарија: 12,2 милијарди долари (1,6%).

По вредност, наведените 15 земји испорачаа 86,3% од глобално извезените автомобили купени во 2022 година.

Меѓу најголемите извозници, најбрзо растечките продавачи на извезени автомобили беа континентална Кина (раст за 83,2% од 2021 година), Мексико (раст 17,6%), Јужна Кореја (раст 16,6%) потоа светскиот лидер Германија (раст за 11%).

Со најголем пад од година во година во нивната извозна продажба на автомобили беа Шпанија (пад -3,1%), Италија (пад -2,4%) и Обединетото Кралство (исто така пад од -2,4%).

Земји кои создаваат најголеми вишоци од глобалната трговија со автомобили

Следниве земји забележаа највисок позитивен нето-извоз кој вклучува меѓународна продажба на автомобили за 2022 година. Нето-извозот е вредност на вкупниот извоз на една земја минус вредноста на нејзиниот вкупен увоз. Статистиката подолу го прикажува вишокот помеѓу вредноста на извозот на автомобили на секоја земја и нејзините увозни набавки за истата стока.

Германија: 87,4 милијарди американски долари (нето извозниот вишок е зголемен за 20,8% од 2021 година)
Јапонија: 76,5 милијарди долари (за 3,5%)
Јужна Кореја: 37,6 милијарди долари (за 19,9%)
Мексико: 35,9 милијарди долари (за 11%)
Словачка: 23,4 милијарди долари (намалување -3,3%)