Виетнам, Србија и Романија забележаа најголеми подобрувања во бизнис климата во последните  20 години, покажува најновиот извештај на Economist Inteligence Unite, дел од The Economist.
Долгорочна студија за индексот на деловно опкружување покажува дека неколку источноевропски земји, како Србија, Романија и Хрватска, како и земјите од Блискиот Исток и Северна Африка како што се Мароко, Саудиска Арабија и Израел, ги подобрија своите бизнис средини најмногу помеѓу 2003 и 2023 година.

На листата 10 земји кои најмногу ја подобриле својата бизнис опкружување се наоѓаат Виетнам, Србија, Романија, Мароко, Саудиска Арабија, Турција,Полска, Израел, Хрватска и Перу.

Земјата што напредувала најмногу е Виетнам. Тоа според EIU се должи на усвојувањето на неколку договори за слободна трговија договори и либерални трговски политики, на големите инвестиции во инфраструктурата, како и во човечки и физички капитал. Исто така, Виетнам имал голема корист од Кина+1 политика на диверзификација на глобалните синџири на снабдување подалеку од Кина.

Србија е на второ место според подобрувањето на бизнис опкружувањето во последните две децении.
Како кандидат за ЕУ членка, Србија има корист од зголемена трговија со европскиот блок и доби прилично дарежливо финансирање. Концесиските заеми и финансиската поддршка од Кина доведоа до подобрувања во инфраструктурата, а земјата ќе ќе продолжи да со подобрувањата во периодот 2024-2028 година”, се вели во Извештајот.

Подобрувањата во бизнис средините историски биле точен предвидувач на посилен раст на реалниот БДП по глава на жител“, се вели во извештајот на EIU.



Кои земји ќе имаат најдобри услови за бизнис во следниот период?


Гледајќи напред кон следните пет години, повеќето од земјите со најдобри перформански во последните 20 години ќе забележат најголеми дополнителни подобрувања, а на нив ќе им се придружат неколку други земји како Индија, Кенија и Грција. На листата 10 земји кои ќе имаат најголеми подобрување во бизнис опкружувањето се Виетнам, Србија, Романија, Мароко, Саудиска Арабија, Индија, Полска, Кенија, Домуниканска Република и Грција.

Индија е единствениот пазар што нуди потенцијален обем споредлив со оној на Кина. Младата демографска структура е клучна предност која ветува добра достапност на работна сила. Индија, исто така, инвестира многу во новите технологии вклучувајќи блокчејн, Интернет на нештата (IoT) и вештачка интелигенција(АИ), кои имаат потенцијал да да ги нарушат индустриите како банкарството, здравство, производство, логистика, земјоделството и недвижностите.

Постојат неколку важни фактори, и позитивни и негативни, кои ќе влијаат на условите за водење на бизнис во економиите во следните 20 години.
Земјите со позитивни стапки на раст на о населението ќе бидат во предност во однос на земјите кои имаат ниски стапки на наталитет и високи нивоа на нето емиграцијата.
Меѓу другите фактори кои ќе влијаат се способноста на една земја да се прилагоди на технолошките промени, ќе биде поважен од било кога во наредните децении.
На долг рок големо влијание ќе имаат и климатските промени.

EIU го објавува индексот на деловно опкружување веќе три децении наназад, проценувајќи 91 разлилен критериум, со цел да се даде слика колку една земја е привлечна за инвеститорите. Во најновиот извештај за 2023 година биле вклучени 82 земји, кои сочинуваат 90% од глобалниот БДП.

Извор: EUI