Владата преку Министерството за финансии до Собранието поднела Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за царинска тарифа, со кој се предлага укинување на царините кон САД.

„Предложивме целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД, односно укинување на стапките за стоките кои доаѓаат од САД во нашата земја. На ваков начин ќе придонесеме за зголемување на конкуренцијата на нашиот пазар. САД е стратешки партнер на нашата земја, и соработката со нив е значајна од секаков аспект“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Владата нa последната седница усвои Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за Царинска тарифа со кои се врши и намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија.

Минатата 2024 година од САД сме увезле производи вредни 196 милиони долари.
Најголем увоз или околу 35 милиони долари отпаѓа на керамички производи за хемиска и лабараториска употреба. Следат увоз на Нуклерарни реактори, котли, машини и механички уреди со увоз вреден 26 милиони долари, Пластични маси и производи од пластични маси со увоз од 15,8 милиони долари, Оптички, фотографски, кинематографски, мерни, контролни апарати со увоз од 15,2 милиони долари, Електрилни машини и опрама (14,9 милиони долари), Возила (13,4 милиони долари), Минерални горива и масла (11,3 милиони долари), Фармацевтски производи (9,3 милиони долари), Разни производи на хемиска индустрија (8,8 милиони долари), Стакло и производи од стакло (6 милиони долари), Овошје (4,7 милиони долари).

Македонија се надева на договор за слободна трговија со САД

Во рамки на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари значајна средба со Џејмисон Грир, трговски претставник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Разговорите беа фокусирани на унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и САД, со акцент на зголемување на билатералната трговска размена и отворање нови можности за инвестиции.

Постигнавме конкретен напредок во преговорите за намалување на царините, како и во дефинирањето на следните чекори кон потпишување Договор за слободна трговија,“ изјави министерот Муцунски преку социјалните мрежи.

Премиерот Христијан Мицкоски по средбите на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и официјални лица,  во Вашингтон изјави дека впечатоците се исклучително високи, одговарајќи на новинарски прашања, за можен договор за слободна трговија, денеска на настан за одбележување 80 години од државен завод за статистика во Скопје. Премиерот нагласи дека на средбите била истакната стратешката соработка и знаењето на соработката помеѓу двете земји.

Во однос на очекувањата, претседателот на Владата, кажа дека неговите очекувања се позитивни, како резултат на средбите.

Околу тие очекувања, јас не би сакал сега многу да зборувам сакам да се случат, а дури потоа да коментираме, но какви се моите очекувања. Моите очекувања се позитивни и како резултат на средбата со господинот Грир, но и моите телефонски разговори што ги имав со државниот секретар за економија, господин Хауард Лутник, така што очекувам да бидеме, исто така меѓу првите земји во светот којшто ќе добијат таков тип на договор со САД – рече Мицкоски.