Владата на вчерашната седница донесе донесе заклучок да се разгледа можноста да се обезбеди финансиска поддршка за работодавачите, преку Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија или преку нов пакет на економски мерки, за родителите на деца кои се запишани во училиште и се до 10-годишна возраст, а во моментот се ослободени од работа и работни активности преку користење на мерките донесени од страна на Владата, имајќи предвид дека истите ќе продолжат да бидат ослободени од работа и работни обврски доколку нивните деца следат настава со физичко присуство, или пак, настава преку далечина (он-лајн).
Дополнително, Владата ги задолжи Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација, да ги разгледаат можностите да се предвиди и извршување на работа со скратено работно време или работа во смена за оваа категорија на лица кои во овој момент се ослободени од извршување на работа и работни активности со физичко присуство на работното место.
Според информациите од компаниите мерката за ослободување на родителите на деца до 10 годишна возраст и хронични болни им создава сериозни проблеми во организацијата на работењето. Проблемот е особено изразен во производните компании, во кои остуството на дури 25% од вработените по овој основ им создава проблем да го одржат пориизводниот процес, но и зголемени трошоци.