Здружението на превозници Макам Транс информираат дека возачи на товарни моторни возила нема да мораат при влез во Република Грција да птиложат негативен ПЦР тест.
“Вчера во Службен весник на Грција е објавена изменетата одлука во која е наведено дека професионалните возачи на товарни моторни возила се изземаат од обврската за поседување на негативен ПЦР тест за влез во Грција. Единствена обврска за професионалните возачи е да поседуваат QR code добиен при поднесување на PLF формуларот кој треба да го пополните на страната https://travel.gov.gr/#/”, информираат од Макам Транс, од каде апелираат дека секој кој има потешкотии за добивање на овој код може да се јави во канцелариите на Макам-транс за помош при аплицирање за истиот.
Оваа одлука е потврдедна и од Министерството за внатрешни работи,
Грција вчера воведе нов протокол за влез во земјата од граничниот премин „Евзони“, кој стартува на 17 август.
Во согласност со протоколот, до крајот на овој месец, на граничниот премин Евзони, во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само грчки државјани, државјани на трети земји што имаат регулиран престој во Грција, дипломатски персонал и членови на нивните семејства, лица што патуваат од медицински и деловни причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување, како и возачи на товарни возила.