На крајот на 2019 година во Македонија работеле 58.313 деловни субjeкти. Во споредба со пред пет години, лани имало 3.580 повеќе фирми, што е зголемување за 6,5%, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.
Најмногу фирми или 22.887 фирми работат во трговијата на големо и мало, што е 38,5% од вкупниот број на фирми во земјава.
Во преработувачката индустрија работат вкупно 7.856 фирми или 13% од вкупниот број на фирми во земјава.
Во секторот стручни, научни и технички дејности работат 7.559 фирми. Во овие дејности има основано најмногу фирми ако се гледа во апсолутна бројка за изминатите пет години или 1.253 повеќе во споредба со 2015 година, што е зголемување за 19,9%.
Втор најголем раст на бројот фирми во апсолутен износ имало во градежништвото. На крајот на 2019 година во земјава работеле 5.023 фирми, што е за 890 повеќе (раст од 21,9%) во споредба со пред пет години.
Процентуално гледано најголемо зголемување на бројот на фирми од дури 54,5% имало во секторот снабдување со електрична енергија и гас. Имено, во 2015 година во овој сектор работеле 143 фирми, а пет години подоцна во 2019 година нивниот број е зголемен за повеќе од половина, на 221.
Големо зголемување на бројот на фирми од 33,9% имало во секторот информации и комуникации. Во 2019 година во овој сектор работеле 2.055 фирми или за 530 повеќе во споредба со пред пет години.