Германската економија неочекувано падна во четвртиот квартал, покажаа најновите податоци, знак дека најголемата европска економија можеби влегува во многу предвидувана рецесија како последица на војната во Украина.
Бруто домашниот производ се намали за 0,2% квартално , објави федералниот завод за статистика.
Во претходниот квартал, германската економија порасна благо за 0,5% квартално.
Намалувањето во четвртиот квартал значи дека рецесијата – вообичаено дефинирана како два последователни квартали со пад – станува поверојатна, бидејќи многу експерти предвидуваат дека економијата ќе се намали и во првиот квартал од 2023 година.
Министерството за економија соопшти дека ситуацијата во Германија се очекува да се подобри од пролетта па натаму.
Германската влада минатата недела ја ревидираше својата економска прогноза за 2023 година и сега предвидува раст на БДП за 0,2%, што е повеќе од есенската прогноза за пад од 0,4%.
Извор: Reuters