Продажбите на германски производи во Русија во март годинава паднле за 62,3% во споредба со претходиниот месец февруари, на околу 900 милиони евра, поради санкциите воведени кон руската економија , објави германската канцеларија за статистика Дестатис.
Увозот во Германија од Русија во истиор месец бележи месечен пад од 2,4%, достигнувајќи вредност од 3,6 милијарди евра.

Русија не е голем извозен пазар за Германија и е рангирана на 26 место на листата на најголеми извозни пазари, додека во претходниот месец февруари Русија била 15-ти најголем извозен пазар за германските компании.
Многу германски компании ги затворија своите операции и го запреа извозот во Русија, со која германскиот бизнис традиционално одржува силни деловни врски.
Главните производи што Германија ги извезува во Русија се возила, машини, приколки и хемиски производи. Главниот увоз на Германија од Русија вклучува сурова нафта, природен гас, метали и јаглен. Германија добива приближно половина од својот природен гас од Русија.
Вкупниот извоз на Германија во март изнесувал 120,6 милијарди евра и е намален за 3,3% во однос на претходниот месец, додека во споредба со истиот месец лани има раст од 8,1%.
Увозот, пак, во март изнесувал 117,4 милијарди евра и бележи раст од 3,4% во споредба со претходниот месец, додека во споредба со увозот од март 2021 година има зголемување од 20,3%.
Половина од германскиот извоз или 66 милијарди евра во март бил насочен кон земјите членки на ЕУ. Од неевропските земји, САД се најголем извозен паз
ар за Германија, каде во март биле извезени стоки вредни 11,5 милијарди евра. Извозот на Германија во Кина во март изнесувал 9,1 милијарди евра и исто така бележи пад од 4,3% во март заради карантините кои ги воведе во Кина во борба со коронавирусот.
Најновото соопштение на Дестатис за трговската размена на Германија се смета за прв податок за тоа колку се економските штети за германската економија од војната во Украина.