Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,23 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 01.06.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1 денар за литар. Со новото поскапување малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58 денари за литар, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50 денари за литар.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 39 денари за литар.
“Референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за околу 11,30%, кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 10,42%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за околу 10,62% и кај мазутот зголемување во просек за околу 12,93% . Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,933 %”, објаснуваат од Регулаторната комисија.