Директорот на нафтениот гигант Шел, Бен ван Берден, предупреди дека Европа може да се соочи со ограничен пристап до енергија повеќе од само една зима.

Шефот на најголемата европска нафтена компанија верува дека кризата би можела да трае неколку години, откако цените на бензинот скокнаа на рекордно ниво минатата недела поради натамошно намалување на руските испораки, сигнализирајќи дека целиот континент би можел да западне во длабока рецесија, објави Ројтерс.

Кризата ќе ја стави на тест солидарноста на земјите-членки на Европската унија, имајќи предвид дека секоја поединечна влада ќе биде принудена да одлучи за начинот на кој ќе обезбеди продолжување на работата на клучните индустриски сектори. Притисоците врз снабдувањето со енергија веројатно нема да бидат ограничени само на една зима“, смета Ван Берден.

„Сосема е можно да имаме неколку зими пред нас во кои ќе треба да најдеме решенија преку заштеди, намалувања и многу брзо наоѓање алтернативи. Дека периодот што следи ќе биде некако лесен или дека се ќе заврши брзо, мислам дека е тоа фантазија која дека треба да ја оставиме на страна“, заклучува првиот човек Шел.