Извозот на преработки од зеленчук и овошје од Македонија во првите три месеци годинава изнесувал 22 милиони евра, што е раст од 1% во споредба со истиот период лани.

Оваа преработувачка индустрија е една од нето извозните индустрии кои повеќе увезуваат отколку што увезуваат.

Колку за споредба, во првите три месеци лани од странство се увезле преработки од овошје и зеленчук во вредност од 14 милиони евра, што значи дека во трговијата со преработки од овошје и зеленчук со светот сме имале нето извоз од 8 милиони евра.

Најмногу проиходи се остварува од извозот на македонски ајвар, но исто така и од разни други преработки, како и замрзнати производи и овошје.

Извезени биле 9,5 илјади тони преработки од овошје и зеленчук, а најголем дел од нив се продавале во земјите од регионот.

Најголем извозен пазар во првите три месеци за македонските преработки од зеленчук и овошје била Хрватска со извоз од 3,9 милиони евра. Следат Србија со извоз од 3,5 милиони евра, Косово со извзо од 1,6 милиони евра и БиХ со извоз од 1,5 милиони евра. Извоз на преработки од над 1 милиони евра имало и во Германија, Австралија, Словенија и Швајцарија.