Пад на извезените количини зеленчук за 10% во споредба со истиот период лани.

Во првата половина годинава, од Македонија биле извезени нешто над 83 илјади тони зеленчук, во вредност од 62 милиони евра. Извезените количини се намалени за 10% во споредба со истиот период лани, додека приходите се зголемени за 18%, што се должи на повисоките извозни цени и ефектите од инфлацијата.

Анализата на статистичките податоци покажува дека најпродаван зеленчук во првата половина од годинава била зелката, со извоз вреден 37 милиони евра — што претставува 60% од вкупниот извоз на зеленчук. Следат доматите со извоз вреден 10,2 милиони евра, пиперките – 2,5 милиони евра и кромид со извоз од 2 милиони евра.

Главни извозни пазари

Најголеми извозни пазари за македонскиот зеленчук во првата половина годинава биле:

Раст на увозот

Во истиот период, од странство биле увезени 32,5 илјади тони зеленчук, во вредност од 22 милиони евра. Увезените количини се зголемени за 10%, а вредноста на увозот за 17% во споредба со истиот период лани.

Најмногу зеленчук сме увезувале од:

  • Албанија – 6,9 милиони евра (8.131.857 кгр)
  • Србија – 4,1 милион евра ( 3.977 004 кгр)
  • Грција – 2,3 милиони евра (4.337.224 кгр)
  • Египет – 1,8 милиони евра (2.981.142 кгр)
  • Турција – 1,4 милион евра (4.157.517 кгр)

Во текот на минатата 2024 година извозот на зеленчук од Македонија изнесуваше 87,5 милиони евра, со годишен пад на вредноста од 8% во споредба со 2023 година, кога извозот изнесувал 95 милиони евра.