Индустриското производство во Македонија во јуни 2025 година бележи минимален раст од 0,5 % во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Во првите шест месеци од годинава, кумулативниот раст изнесува 2,8 %.
Секторски резултати: Пад на производството во енергетиката и металните производи
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст од 6,9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има голем пад на производството од дури од 29.3 %.
Зголемувањето во преработувачката индустрија е предводено од:
- Производство на прехранбени производи: +9,8 %
- Тутунски производи: +35 %
- Хемикалии и хемиски производи: +14 %
- Фармацевтски производи: +6,9 %
- Производи од гума и пластика: +93,8 %
- Електрична опрема: +16 %
- Моторни возила и приколки: +7 %
- Мебел: +7,4 %
Неколку индустриски гранки бележат значителен пад: - Производство на метали: −12,8 %
- Фабрикувани метални производи: −22,5 %
- Облека: −10,5 %
- Пијалаци: −3 %
- Неметални минерални производи: −26,3 %