Руен Инокс Аутомобиле (Ruen Inox Automobile) е успешна, домашна и извозно ориентирана компанија од автомобилската индустрија, која извезува над 95% од производството. Една е од ретките каде од влезна суровина, како лим, шипки, жица…се произведуваат спојки за автомобили, со висока додадена вредност, со знаење, традиција, технологија и современа опрема.

Иако зад себе има 70 годишна традиција, но и два банкроти, оваа кочанска компанија сепак успева, не само да го одржи производството, туку и да го извезува на странските пазари над 95% од она што се произведува во фабриката во Кочани.

Почетоците на Руен како важен добавувач за југословенската автомобилска индустрија

За оние кои не се сеќаваат на минатото долго искуство, значајно е да се потенцира дека компанијата Руен од Кочани постои уште од 1952 година, првично изградена како мала работилница, а во 60-те години од минатиот век специјализирана за производство на автомобилски и камионски спојки, или попознато ламели и корпи.

Со традиција од 70 годишно работење, фабриката Руен од Кочани одиграла значајна улога во развојот на автомобилската индустрија на поранешна Југославија. Спојките кои се произведувале во фабриката во Кочани се вградувале како прво вградување во новите возила на Zastava, меѓутоа и во камиончињата Tam, Fap….
Во времињата кога бил гигант во машинската и автомобилската индустрија, во фабриката на Руен работеле над 1.000 вработени.
Своевремено, фабриката била добавувач и на светските брендови на спојки SACHS, а потоа и на Valeo…

Меѓутоа, во своето досегашно постоење, два пати доживеала банкрот. Првиот е во 2000 година, кога и се случува првата ликвидација на компанијата. Во 2004 година компанијата е успешно приватизирана и неколку години работи со француски инвеститор, кој во 2012 година одлучува да ја ликвидира.

Во 2014 година фабриката во многу лоша состојба е преземена од локалната производствена групација од Кочани, Тинг Инокс (Ting Inox).

Со значајни инвестиции во опрема и технологија фабриката е вратена на прав колосек и успешно се справува со сите предизвици.

Успешна извозна домашна приказна

Денес, Руен Инокс Аутомобиле вработува близу 250 вработени и извезува над 95% од производството во 38 земји низ целиот свет и е една од малкуте со успех завршени стечајни приказни во македонската економска транзиција.

Бобан Коцев, менаџерот за продажба во Руен Инокс Аутомобиле е задоволен од досегашното континуирано зголемување на продажбите и освојување на нови пазари. Меѓутоа, како и кај многу други компании од оваа индустрија, корона кризата се почуствувала многу силно во работењето во второто тромесечие, предизвикувајќи значителен пад на продажбите.

Бобан Коцев, менаџерот за продажба во Руен Инокс вели дека вложуваат исклучителни напори за да ги одржат продажбите, борејќи се со фирми од Турција и Кинa, кои добиваат огромна поддршка од своите држави за извозот.

Коцев вели дека државната помош за поддршка на компаниите погодени од корона кризата им била и тоа како добредојдена и помогнала фабриката успешно да се справи со последиците од кризата.

Сега веќе продажбите се стабилизирани. Ако продолжи со истото темпо, годинава ќе ја завршиме со раст на продажбите поголем од 10%”, вели Коцев.

Тој потенцира дека нивните конкуренти, посебно од Турција и Кина добиваат огромна поддршка од своите држави за извозот. Македонските извозници се дополнително погодени и со тоа што се уште не сме членка на ЕУ, па македонските производи се поскапи на пазарите на Блискиот Исток и Африка.

Спојките произведени во фабриката во Кочани се продаваат во Германија, Италија и други европски земји, како и во Русија, Блискиот Исток, северна и јужна Америка и некои афрички земји.

Но, задоволни се дека и во услови на најголема светска економска криза и неможност за посета на саеми и изнаоѓање на купувачи, сепак успеваат да освојуваат нови пазари.

Фабриката веќе има успешни договори со премиум брендови за спојки и продажби во западноевропските земји, во Германија, Италија и други европски земји, но и во Русија, земјите од Блискиот Исток, Северна и Јужна Америка и некои афрички земји.

Компанијата Руен Инокс Аутомобиле денес вработува 250 работници и извезува во 38 земји низ целиот свет.

Исто така, посочуваат дека компанијата е во напредна фаза со проектот за прво вградување во некои познати европски брендови на возила.

Бидејќи фабриката постојано инвестира и поседува модерна и софистицирана опрема, покрај главниот фокус на производство на спојки, кое има удел од 95% во вкупните продажби, компанијата нуди и услуги на повеќе македонски компании, како термичка обработка, пресерајски услуги, услуги за сечење…

Меѓутоа, потенцираат дека за да ги одржат продажбите стабилни, вложуваат исклучителни напори за да се борат и натпреваруваат со силните поддршки за своите извозни компании од страна на Турција и Кина.

Заради тоа, се надеваат воиднина на поголема поддршка и помош од државата со цел да бидат поконкурентни на странските пазари, да пораснат и да можат да вработат повеќе луѓе.