Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Фридрих Еберт Фондација-Скопје и Fair Wear Фондација организираат тркалезна маса на тема: „Германски закон за корпоративна должна одговорност на компаниите во рамки на нивниот синџир на добавувачи“.

Настанот го отвори  директорот на Фридрих Еберт Фондација-Скопје, Рене Шле кој говореше за бенефициите кои ќе произлезат од воведувањето на оваа законска рамка во Европа во однос на подобрени услови за работа во производните капацитети, како и почитување на работнички права.

Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс информираше дека законот ќе стапи на сила 1 јануари 2023  година.

„Овој закон е одлична можност за произведените компании од Северена Македонија пред се од текстилната бранша, но и електро- и метало преработувачката индустрија кои се големи извозници на германскиот пазар. Директните придобивки за македонските компании е можноста за стекнување на нови клиенти од Германија, зголемено производство, кое ќе резултира со нови инвестиции во автоматизација на производството, долгорочни налози со клиенти, кои на македонските компании ќе им овозможат пристап до поволни кредити. Предуслов за сите македонски компании-добавувачи е воведување на внатрешен механизам за поднесување на жалби за повреда на човековите и работничките права“.

Од фондацијата Fair Wear, Билјана Солаковска Михајловска, регионален координатор за Источна Европа даде осврт за новата законска рамка во Германија, која ги обврзува германските компании на одговорно етичко однесување и почитување на човековите и работничките права во нивниот синџир на добавувачи.