Македонско-германски форум на тема „Европската економија под стрес по руската инвазија во Украина“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија.
На форумот ќе се обратат претставникот на Фондацијата Конрад Аденауер во земјава Даниел Браун, германската амбасадорка Анке Холштајн, Дитер Алтхаус потпретседател на „Магна Европа“, Патрик Мартенс директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Косово и Албанија и Зоран Нечев, Институтот за демократија „Социетас цивилис“.
Во рамки на форумот ќе се одржи и панел дискусија на која, според организаторите, е поканет и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.