Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на компаниите во и пост Ковид 19 периодот.

Предмет на јавниот повик е доделување на финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на компаниите со цел да се стаблизира  и обнови нивната деловна активност, вклучувајќи и враќање на изгубените пазари со што ќе се одржат нивните делвни потфати кои ќе придонесат за задравување на домашната економија преку реализација на инвестициски проект во текот и во поста ковид периодот, односно во периодот од март до декември 2021 година.

За компаниите кои ќе инвестираат во овој период е предвидена поддршка во износ од 1,2 милијарди денари или 20 милиони евра.

Финансиска поддршка можат да користат фирми кои во 2020 година имаат во реализација инвестициски проекти, кои работат во производствени сектори или во трговија, но инвестираат во основни средства, понатаму фирми кои работат во секторот информациско-комуникациски услуги кои инвестираат во воспоставување на нова организациона единица за технолошки развој, истражување или развој на ново хардверско или софтверско решение.

Финансиската поддршка изнесува 25% од реализираната инвестиција која се движи од 40 илјади евра за малите и 200 илајди евра за големите компании кои лани имале приходи над 50 милиони евра.

Повече детали за јавниот повик погледнете на следниот ЛИНК.