Руската влада воведе забрана за патен транспорт на стоки низ земјата за компании од земји кои воведоа санкции против Русија. Забраната се однесува на земјите членки на Европската унија, Велика Британија, Норвешка и Украина. Како што е наведено во документот, забраната се воведува како одговор на ограничувањата наметнати од тие земји за руските државјани и руските правни лица во сферата на меѓународниот патен транспорт на стоки, пренесува Спутник.
Уредбата стапува во сила на 10 октомври и ќе важи до 31 декември годинава.
Владата, исто така, воспостави листа на стоки што ќе бидат изземени од санкции – тоа се различни видови храна, лекови и пластични производи.
Како што соопшти Министерството за транспорт на Русија. „Стоката ќе продолжи да се доставува со патен транспорт од непријателските земји преку територијата на Русија до крајните примачи“.
За таа цел, стоката од странски возила ќе се претоварува (или ќе биде прикачена полуприколка) на руски и белоруски транспортни средства на царинските испостави во пограничните области на регионите Псков, Калининград, Ленинград и Мурманск, Република Карелија. и Санкт Петербург – се објаснува во документот.