Развојната банка на Р.С.Македонија објави јавен повик за нова кредитна линија за обртни средства наменета за микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и ценовната криза.
Заинтересираните компании ќе можат да аплицираат за средства од 26 декември 2022 до 9 јануари 2023 година. Поднесувањето на апликациите е по електронски пат и на е-маил адресата eckriza@mbdp.com.mk по принципот прв дојден, прв услужен.
“Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија. Компаниите треба да бидат во приватна сопственост на правни и физички лица од најмалку 51%”, информираат од Развојна банка на Северна Македонија.
Mинималниот износ на кредит е 185.000 денари, додека максималниот износ на кредит е 1.845.000 денари за микро, мали и средни трговски друштва односно 615.000 денари за трговци поединци и занаетчии. Рокот на отплата е од 18 до 36 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци и во двата случаи. Каматната стапка е 2%.
Повеќе детали за условите на јавниот повик можете да прочитата на следниот линк.