Вечерва точно во 00:00 на полноќ почна најголемиот регионален онлајн саем за вработување – отворени се над 500 слободни места во преку 80 компании од Македонија и регионот!

Од 7 до 14 октомври сите посетители на саемот на веб-страницата ќе можат да ја истражат богатата понуда на слободни работни места во над 80 компании од Македонија и регионот.

Саемот традиционално го организира Vrabotuvanje.com во соработка со своите партнери од регионот: MojPosao – Хрватска, Poslovi.Infostud – Србија, MojPosao.ba – Босна и Херцеговина, а од оваа година и Deloglasnik – Словенија.

Предности на саемот

Саемот трае 8 дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди со интернет-врска. За разлика од физичкиот саем, кој трае само еден ден и бара доаѓање на одредена локација, нашиот саем може да го посетите од кое било место на планетава, кога и да ви одговара!

На виртуелните штандови и годинава учествуваат престижни компании кои бараат вработени и со кои заинтересираните можат да остварат директна комуникација или да направат онлајн интервју.

На штандовите на работодавците, покрај огласи за вработување, можат да се најдат и  информации за компанијата, искуствата на вработените и галерија со фотографии и видеа од идното работно опкружување.

Компании изложувачи на саемот се: А1 Македонија, Кроациа Осигурување, НЛБ Банка, Македонски Телеком, Магна Интернационал, Телеперформанс Скопје, Киел Македонија, Дата Мастерс, Aptiv, BREON, Маркарт, Костал, Алкалоид АД Скопје, Лакталис, ЕСИ, Loka, Vipper.com и SPAR Hrvatska.