Полскиот извоз на игри, конзоли и уреди за видео игри во текот на минатата 2021 изнесувал 1,5 милијарди долари, со што Полска стана трет најголем извозник во светот, веднаш зад Кина и Јапонија, а оставајќи ги зад себе Германија, САД и Хонг Конг.

Една од главните причини за огромното зголемување е успехот на играта „TheWitcher“, развиена од CD Projekt Red и заснована врз основа на романската серија со исто име на полскиот автор Анджеј Сапковски.

Апсолутен лидер во извозот на видео игри е Кина со вредност на извоз од 14,6 милијарди долари или 54,6% учество во светскиот извоз на видео игри и конзоли. Следи Јапонија со извоз вреден 21,9 милијарди долари и учество од 10,7% во светскиот извоз на видео игри.

Од земјите во регионот најголем извоз на видеоигри лани имале Бугарија во вредност од близу 28 милиони долари, Грција со извоз на видео игри вреден 18 мииони долари, Хрватска со извоз вреден 13,8 милиони долари и Словенија со извоз од 7,4 милиони долари.

Индустријата на видео игри и конзоли во светот расте со многу брзо темпо. Светскиот извоз на видео игри и поврзана опрема изнесувал вкупно 26,8 милијарди долари во 2021 година. Тој износ во долари одразува просечен пораст од 25,8% во изминатите пет години, односно раст од 22,3% во споредба со претходната 2020 година.