Скоро и да нема медиуми во светот што не ја објави спектакуларната вест дека Римац Автомобили ја презеде автомобилската икона за луксузни спортски автомобили- Bugatti.
Ова секако е зделка на животот за младиот хрватски претприемач Мате Римац, но секако и една од најголемите потези во хрватската бизнис историја. Римац најавува дека ќе следуваат многу нови и уште поголеми проекти од новата фирма која ќе се вика Римац Бугати и ќе има седиште во Хрватска
Римац во гостувањето на РТЛ за следната година најавува нов проект- роботакси.
“Сметам дека сме на почетокот на нашето патување, имаме огромни планови, ова за Бугати го знаеме веќе две години. Знам и за многу поголеми работи од Бугати – ќе видиме. Роботаксите ќе бидат голема работа, но се уште не сме одлучиле да ги покажеме”, рече Римац.
“Решивме да го донесеме проектот во одредена фаза, имаме прототипи, сакавме да дојдеме до одредено ниво и да ви покажеме на почетокот на следната година – ќе бидете воодушевени. Ќе биде поголемо и од Римац и од Бугати, ќе ги произведуваме за целиот свет, тука во Хрватска, додаде тој.
“Станува збор за посебен проект и одлучивме да го работиме тоа во последните три години целосно под радарот. Одлучивме да го направиме тоа затоа што има многу најави во оваа област, многу компании зборуваат за нешто и никогаш не го реализираат. Одлучивме први да го направиме тоа, па потоа да го покажеме. За жал, некои полуинформации излегоа за проектот преку тој план за закрепнување. Ова е проект во кој ние и нашите инвеститори ќе инвестираме стотици милиони, ако не и милијарда евра во Хрватска. Проектот сè уште не е објавен, а ќе го направиме тоа во текот на оваа година и почетокот на наредната. Мислам дека сите ќе бидат воодушевени кога ќе видат што правиме, ќе биде нешто ново од глобални размери. Сакаме прво да го завршиме, а потоа да го покажеме – најави Римац.
Успесите на Римац се уште поголеми ако се знае дека тој својот сон за производство на хрватски автомобил го почна пред 12 години во гаража. Во интервју за „Нова ТВ“, Римац објаснува зошто и покрај многубројните повици од странство, тој одлучил да остане во Хрватска.
– Кога пред 12 години ја основав компанијата, ако некој ми кажеше дека ова ќе се случи, немаше да му верувам. Сепак, ја основав компанијата со идеја да направам нешто големо. Има одлични резултати, над 1.000 вработени, партнери ни се „Порше“, „Хјундаи“, „Фолксваген“, а сега го презедовме „Бугати“. Сепак, уште мислам дека сме на почетокот на нашето патување – вели Римац. На прашањето каде е крајот, тој вели дека нема крај.
“Сакав да докажам и покажам дека е можно да работам овде и направив сè за да останам тука. Многу пати бев пред заминување. Не е толку до државата, туку фали цел екосистем. Нема инвеститори, нема фондови. Можеби сега има, но кога почнав – немаше. Светските медиуми пишуваат за преземањето на „Бугати“, а на насловните страници се вели дека „Бугати“ сега станува хрватски – вели Римац, потенцирајќи дека е горд на одлуката да остане во Хрватска.
Во продолжение погледенето го видеото на кое беше објавено официјално преземањето на брендот Bugatti од страна на Римац Автомобили.