Првични резултати од зелените коридори: Tрговијата се одвива непречено во рамки на ЦЕФТА и покрај Ковид 19

Првите податоци за функционирањето на зелените ленти покажуваат дека трговските активности продолжуваат успешно да се реализираат и покрај пандемијата со „Ковид-19“.
Податоците покажуваат дека само во првиот ден од воведувањето 1912 камиони имале корист од воведувањето зелените коридори за транспорт на стока во регионот на ЦЕФТА.
Од нив, 21% камиони со основни производи кои имаат третман на приоритетниот премин.

Податоците од функционирањето на зелените коридори се генерираат од известувања за влез пред пристигнување, испратени до царинските органи.

Од пред три дена ЦЕФТА овозможи електронски нотификации пред преминување да бидат достапни не само за царинските органи, туку и за ветеринарни и фитосанитарни инспекции, со цел да се обезбеди непречен проток на основните производи низ ЦЕФТА земјите.

Повеќе детали можете да погледнете на следниот линк.