Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се намалени за 0,6 % во јули 2025 година во однос на претходниот месец. Во однос на истиот месец минатата 2024 година, цените на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 4,8%
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јули 2025 година, во однос на истиот месец, се намалени во секторот Рударство и вадење камен за 4,6 %, додека во секторот Преработувачка индустрија има зголемување од 5,3%.
Во периодот јануари -јули 2025 година продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари бележат раст од 6,2%. Во секторот Рударство и вадење камен се зголемени за 4,6%, додека во Преработувачката индустрија има зголемување на продажните цени од 6,2%.
Повеќе детали тука.