Во периодот од јануари до јуни 2020 година и покрај здравствената криза, Русија го зголемила увозот на свежи боровинки за 61% вредносно во споредба со истиот период минатата година.
Мароко е на врвот на земјите најголеми снабдувачи со боровинки на рускиот пазар.
Според аналитичарите на пазарот, во периодот од јануари до јуни 2020 година Русија увезла 4.200 тони боровинки во вредност од 30,5 милиони долари, што е просечна цена од 7,2 долари за килограм.
Тоа е 61% зголемување на вредноста во споредба со истиот период минатата година.
Русија продолжува да ја држи водечката позиција во однос на цените на големо и мало за боровинки во Европа.
Мароко е земја снабдувач број 1 со обрт од 13,7 милиони долари и обем од 1.900 тони, што претставува раст од 36,4% во споредба со претходната година.

Следна на рангирањето е Чиле, чиј извоз се приближува до 1.000 тони, што претставува обем што е повеќе од двојно зголемен во споредба со минатата година.
На 3-то и 4-то место се Перу и Србија, кои исто така ги зголемиле извезените количини на рускиот пазар.

Србија во првата половина годинава извезла на рускиот пазар 936 тони боровинки, што е највисок досега извоз на српските одгледувачи на боровинки на овој пазар.

Аналитичарите сметаат дека растот на потрошувачката и увозот на боровинки во Русија во 2020 година, кога приходите на населението нагло паднаа, зборува за огромните изгледи за раст на пазарот за боровинка во Русија.

Извор: East fruit