Седум македонски агро бизниси, производители и трговци со свежо овошје, ќе се претстават на најголемиот саем за свежо овошје и зеленчук во светот – FRUIT LOGISTICA, кој ќе се одржи во Берлин од 8-ми до 10-ти февруари.
Хортена, Туран, Виториа Фруит, Фреш Лајн, Невада, Румко и Флора Фреш се компаниите кои ќе изложуваат на националниот штанд кој го резервираше Министерството за земјоделство и шумарство.
Increasing Market Employability – IME го поддржува процесот на вмрежување и закажување на состаноци на саемот, со потенцијални купувачи од Европа и светот.
Fruit Logistica е еден од најголемите меѓународни саеми за производители на свежо овошје и зеленчук во светот, кој секоја година се одржува во Берлин, Германија.
Настапот на овој водечки меѓународен саем им овозможува на изложувачите да ги претстават своите производи и да ги пласираат на нови пазари, како и да ги промовираат постоечките и да стекнат нови деловни контакти.
Во 2022 година, на саемот изложуваа 2.000 изложувачи од 87 земји, а настанот го посетија над 40.000 посетители од 132 земји.