Војната во Украина, инфлацијата и работната сила се меѓу факторите што го комплицираат „враќањето во нормала“ во синџирите на снабдување кои беа силно погодени од пандемијата на Ковид 19.
Новото истражување на Carl Marks Advisors, во партнерство со SupplyChainBrain, во кое се вклучени повеќе директори од областа на управување со синџирите на снабдување го нагласува длабокото и трајно влијание на прекините во глобалните синџири на снабдување поврзани со Ковид 19.
Според истражувањето, повеќе од половина од сите испитаници не очекуваат враќање на понормални синџири на снабдување до првата половина на 2024 година или подоцна, додека 22% велат дека очекуваат прекините да продолжат до втората половина на 2023 година.
Испитаниците гелдаат голем број на закани што ја заматуваат сликата и го комплицираат враќањето на посигурен синџир на снабдување, особено војната во Украина (30%) и загриженоста за работната сила (24%).
Според истражувањето, 75% од директорите од областа на синџирите на снабдување изјавиле дека приходите на нивната компанија биле или негативно или многу негативно погодени во текот на изминатата година од проблемите со синџирот на снабдување. Превозот преку океанот беше убедливо водечката расипана транспортна и логистичка врска, со 68%. Влијанието на прекините било многу сериозно: 80% од испитаниците рекле дека нивните трошоци за синџирот на снабдување се зголемиле за помеѓу 20%-60% помеѓу декември 2020 и декември 2022 година.
Додека директорите на синџирот на снабдување имплементирале голем број промени за да го ублажат влијанието на нарушувањата – вклучително и одржување повеќе залихи (30%), диверзификација на добавувачи (27%) и користење на алтернативни пристаништа (14%) – тие се мачеле да управуваат со трошоците на овие нови иницијативи, при што 55% од испитаниците изјавиле дека нивните организации биле принудени да апсорбираат повеќе од една четвртина од зголемувањето на трошоците во синџирот на снабдување.
Војната во Украина и скапите енергенси најголема грижа
Гледајќи напред, повеќе од две третини од директорите на синџирот на снабдување рекоа дека се „многу загрижени“ дека глобалната економија би можела да западне во рецесија во следните 12 месеци како резултат на зголемувањето на каматните стапки, високата инфлација и геополитичката несигурност и повлекување на довербата на потрошувачите.
На прашањето кои „магични лостови“ би можеле потенцијално да ги стават под контрола трошоците на синџирот на снабдување во 2022 година и да помогнат во ублажувањето на неизвесноста, 32% одговориле дека тоа би било завршувањето на војната во Украина, а 31% одговориле дека таков ефект би имало намалувањето на трошоците за гориво за 20%.
Онлајн истражувањето за индустријата за синџирот на снабдување е спроведено од 20 мај до 10 јуни 2022 година. Вкупно биле беа собрани 107 одговори од највлијателните директори на синџирот на снабдување во светот низ различни индустриски сектори.
Извор: Global Trade Magazine