Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и неговиот српски колега Горан Весиќ утре ќе го потпишат Меморандумот за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје.

Ова го потврди српскиот министер и додаде дека двете земји за овој проект заеднички ќе бараат пари од ЕУ.

– Ќе потпишеме Меморандум со Северна Македонија и јас сум особено горд на тоа, нагласи Весиќ во изјава за белградски медиуми. 

Проектирањето на делницата Ниш – Прешево предвидува таа да е долга 135 километри на српската страна и 50 километри на македонската.