Извозот на ИКТ услуги од Србија во првите три месеци годинава надмина една милијарда евра, изјави директорот на Канцеларијата за ИТ и е-влада, Михаило Јовановиќ, додавајќи дека секторот на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ) продолжува силно да расте.

Јовановиќ истакна дека само во март оваа година, извозот на ИКТ услуги од Србија достигнал рекордни 385 милиони евра, што претставува раст од 25% во споредба со март претходната година, кога извозот изнесувал 308 милиони евра.

Тој изјави дека вкупниот извоз на услуги во првите три месеци од оваа година изнесувал 1.094 милијарди евра, што е зголемување од 19% во споредба со истиот период минатата година.

Според него, суфицитот во првите три месеци од 2025 година кај ИКТ услугите изнесува 872 милиони евра.

Во српската ИТ индустрија работат околу 5.000 фирми, од кои 80% произведуваат софтвер, главно за извоз. Во индустријата за вработени над 110 илјади лица.
Извозот на српската ИТ индустрија, која се смета за една од најперспективните индустрии, надмина 3,5 милијарди евра минатата година.