Телеком Италија (TIM) ги откупи правата за емитување на „Сказните на Биби“ на својата СВОД платформа „TIMVision“, објави поратлот Факултети.мк.
Договорот помеѓу „Телеком Италија (TIM)“ и Светот на Биби” бил потпишан вчера, а емитувањето започнува од септември 2025 година.
„Светот на Биби“ е најуспешниот едукативно-забавен бренд за деца во Македонија и пошироко во регионот. Со над 100 милиони прегледи на Јутјуб, брендот ги освојува срцата на децата преку анимирани серии, песни, интерактивни книги, образовни програми и лиценцирани производи. Серијата „Сказните на Биби“, која е дел од оригиналната продукција на брендот, се емитува на повеќе национални и регионални телевизии.
Оваа интернационална соработка претставува важен чекор за глобализацијата на брендот и доказ дека квалитетните, автентични и образовни содржини создадени во Македонија можат да најдат свое место на светската сцена.
Ова е втора досега македонска детска содржина која се превзема за емитување надвор од границите на Македонија.
Во 2021 година детската телевизиска серија Зоки Поки беше преземена за емитување на националните телевизии во Шведска, Норвешка, Данска и Финска.
Ова е доказ дека во Македонија може да се продуцираат квалитетни дела кои ќе ги задоволат највисоките стандарди и критериуми за продукција на детска програма и дека македонските брендови се вреднувани и надвор од Македонија.