Словенија во минатата 2020 година извезла стоки во вредност од 44,8 милијарди долари, што е пораст од 62% од 2016 година и зголемување од 19,2% во споредба од 2019 година, покажуваат податоците на Worldtopexports.
Податоците покажуваат дека 74,4% од производите извезени од Словенија биле купени од увозници во: Германија (16,6% од вкупниот глобален извоз), Швајцарија (10,3%), Италија (9,1%), Хрватска (7%), Австрија (6,1%), Унгарија (4,7%), Франција (4,5%), Полска (исто така 4,5%), Србија (3,9%), Словачка (2,6%), Чешка (2,6%), потоа Босна и Херцеговина (2,5%).
Од континентална перспектива, 89,9% од извозот на Словенија бил насочен кон земји членки на ЕУ, додека 6% биле продадени во Азија, 2,1% стока во Северна Америка, 1,2% во Африка.
Со оглед на популацијата на Словенија од 2,1 милиони луѓе, нејзиниот вкупен извоз од 44,8 милијарди долари во 2020 година се претвора во приближно 21.700 долари по жител.
Топ 10 најизвезувани производи од Словенија:
1. Фармацевтски производи: 8 милијарди долари (17,8% од вкупниот извоз)
2. Возила: 7,4 милијарди долари (16,5%)
3. Електрична машинерија, опрема: 4,5 милијарди долари (10,1%)
4. Машини, вклучително и компјутери: 4,4 милијарди долари (9,8%)
5. Пластика, пластични производи: 1,8 милијарди долари (3,9%)
6. Минерални горива со нафта: 1,5 милијарди долари (3,4%)
7. Железо, челик: 1,4 милијарди долари (3%)
8. Алуминиум: 1,2 милијарди долари (2,7%)
9. Мебел, постелнина, осветлување, знаци, монтажни згради: 1,1 милијарди долари (2,6%)
10. Дрво: 1 милијарда долари (2,3%)
Најголемите 10 извозни производи на Словенија учествуваат со над две третини (72,2%) од вкупната вредност на нејзините глобални пратки.
>> Топ 20 најизвезувани македонски производи во 2020